Озил на промоцијата во Башакшехир заедно со семејството

288

Месут Озил ја заври својата авантура во тимот на Фенербахче и стана дел од тимот на Истанбул Башакшехир. Некогаш еден од најдобрите офанзивци во светот веќе извесен период игра што се вели под своето ниво, но и натаму во Турција е сметан за фудбалски бог, па нормално е што веднаш доби и нов ангажман.

Германецот и Фенербахче не се разделија напријателски, но тоа не беше причина за тимот на Истанбул Башакшехир веднаш да го доведе во своите редови.

„Ново поглавје…“ напиша Озил на социјалните мрежи откако на промоцијата во новиот клуб, пристигна со семејството.

 

ПретходноАндреа Камбијасо е нов член на Јувентус
СледноПознат стартниот состав на “пандевци“, без Ѓорѓиевски, Манев, Димовски, Јовановски…