Познат е возниот ред: Македонија тргнува кај Данска, завршува во Норвешка!

255

Македонската машка кошаркарска репрезентација ги доби противниците во претквалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Избраниците на селекторот, Драган Бајиќ ќе играат против Словачка, Данска и Норвешка.

Првопласираната екипа од секоја група ќе обезбеди место во квалификациите за место на континенталното натпреварување на кое Македонија последен пат играше во 2015 година.

Овие мечеви ќе се играат низ три „прозорци“, а првиот на распоредот е веќе во август, во периодот од 22. до 29.  Нашите кошаркари во првото коло и гостуваат на Данска на 25. август, три дена подоцна се домаќини на Словачка.

Во вториот квалификациски „прозорец“, Македонија и двата меча ќе игра во Скопје, прв гостин е е Норвешка, по што следи реванот со Данска. Во месец февруари следната година, Словачка не пречекува на домашен терен, а претквалификациите ги завршуваме на гости кај Норвешка.

Градовите домаќини ќе бидат познати подоцна.

ГРУПА Д

1.КОЛО (25.АВГУСТ-2022)

Данска – МАКЕДОНИЈА

Словачка – Норвешка

2.КОЛО (28.АВГУСТ-2022)

МАКЕДОНИЈА – Словачка

Норвешка – Данска

3.КОЛО (10.НОЕМВРИ-2022)

МАКЕДОНИЈА – Норвешка

Словачка – Данска

4.КОЛО (13.НОЕМВРИ-2022)

МАКЕДОНИЈА – Данска

Норвешка – Словачка

5.КОЛО (23.ФЕВРУАРИ-2023)

Словачка – МАКЕДОНИЈА

Данска – Норвешка

6.КОЛО (26.ФЕВРУАРИ-2023)

Норвешка – МАКЕДОНИЈА

Данска – Словачка

ПретходноАнтиќ: Ова е историски резултат, но не се задоволуваме само со четвртфинале!
СледноВардар 1961 против Нексе на 23. август, ден подоцна Е.Пелистер ќе го пречека Мешков