Познат стартниот состав на “пандевци“, без Ѓорѓиевски, Манев, Димовски, Јовановски…

439

Тешка задача ќе има А. Пандев во реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Тимот на Лехија Гдањск на свој терен минатата недела забележа триумф со 4:1, па вистинско чудо ќе им биде потребно на струмичани да се пласираат во следната фаза од ова натпреварување.

Сепак, се додека има шанси треба да се верува во чудо.

Стратегот на А. Пандев, Ѓорѓи Стојчев за денешниот меч против тимот од Полска, кој се игра од 17 часот на ФФМ во Скопје се одлучи за следните единаесетмина…

Алчевски, Илиев, Јоковиќ, Димов, Ивановски, Донов, Томовски, Шаркоски, Велиновски, Митровски, Маронг.

Формацијата е 3-4-3.

Во тимот ги нема, како што и беше најавено вчера, повредените Марко Ѓорѓиевски, Димовски и Манев, но и првиот голман Марко Јовановски. Се разбира дека струмичани без овие играчи се ослабени и тоа како.

ПретходноОзил на промоцијата во Башакшехир заедно со семејството
СледноШаќири тргнува со Гури, Дориев, Хасани, Шаља.. во нападот