Убави вести од Ереван. Шкендија по првиот дел од реванш мечот со Арарат во рамките на 2.квалификациско коло во ЛК има водство од 0:2. Добра игра на тетовци.
А мечот не можеше да започне подобро за Шкендија. Уште во 2.минута по една контра на нашиот тим, Шаља ја упати топката пред голот на домашниот состав, а таму несреќниот Браво убаво си ја смести топката во својата мрежа за 0:1.
Арарат врати со гол во 6.минута, но истиот беше поништен поради офсајд.
Па така во тие моменти тетовци имаа предност од 3:0 во овој двомеч.
Каква шанса имаше Дориев во 26.минута, и повеќе од зицер, но од само 5-6 метри тој го промаши целиот гол.
Уште една шанса за Дориев во 38.минута, и ова требаше да биде гол. Штета, сепак сега мрежата ја спаси голманот на домашните.
Затоа Гури во 45+3. стрелаше за 2:0 за Шкендија со што се замина на пауза.