Поп Арсова замина на СП во САД, в понеделник ќе настапи на маратонот

140

Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова заедно со својот тренер Димитар Петровски, вчера заминаа за САД каде од утре, па се до 24 јули во Орегон, САД ќе се одржи 22. Светско првенство во атлетика.

Адријана Поп Арсова ќе биде единствениот преставник од Македонија во дисциплината маратон. На СП за сениори во атлетика ќе учествуваат 1900 натпреварувачи од 190 држави од светот.

Во дисцилината маратон, во конкуренција на 48 маратонки, ќе настапува и нашата рекордерка која оваа година успеа да постигне резулатат кој е најблиску до нормата.

Според програмата, Поп Арсова ќе се појави на стартот на маратонската трка на 18 јули во 6:15 часот по локално време, односно 15:15 часот по македонско време.

ПретходноСо гол од корнер во 123. минута обезбедија место во 2. коло од ЛШ (ВИДЕО)
СледноЖдрепка во Минхен: Македонија ги чека противниците за претквалификациите за ЕП 2025!