ПСЖ не се откажува од Aргентинецот: Катарците му понудија нов договор на Меси

260

Францускиот шампион ПСЖ сака да го продолжи договорот со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува во летото 2023 година, но раководството на парижаните веќе ги известило претставниците на фудбалерот дека сакаат да ја продолжат соработката за уште една сезона, до 2024 година.

Според изворот, Меси ќе донесе одлука за својата иднина во ПСЖ по Светското првенство во Катар во 2022 година. Тој сака да ја процени својата психолошка и физичка состојба во тој момент.

ПСЖ верува дека по првата сезона на адаптација, Меси ќе може го покаже сиот свој раскош и квалитет веќе оваа сезона. Дополнително, присуството на Меси во таборот на парижани е корисно за клубот и од економски аспект, затоа што ПСЖ по доаѓањето на Меси потпиша 10 нови спонзорски договори.

ПретходноФинска е последниот ривал на младинките на ЕП кое ќе се одржи во Скопје
СледноДобра ждрепка: Кошаркарите ги добија ривалите во претквалификациите за Евробаскетот 2025