Македонскиот репрезенаттивец Никола Серафимов добро ја започна својата авантура во новиот тим Мол Фехервар. На пријателскиот дуел против силниот Галатасарај во рамките од подготовките летово, Серафимов забележа добар настап и асистираше за единствениот гол на овој меч кој го постигна Кодро.
Серафимов се најде во стартниот тим на својот тим, и според извештаите одигра одлично и според очекувањата. Тој е доведен како едно од главните засилувања ова лето, и секако дека се очекува многу за следната сезона од нашиот дефанзивец.
Mol Fehervar, Galatasaray ile oynadığı hazırlık maçında Kenan Kodro’nun golüyle öne geçti. pic.twitter.com/sKmdQ5h5Cf
— D-Smart Spor (@spor_smart) July 13, 2022