Се најавува спонзор од Италија во А. Пандев!

2848

Како што беше најавено од страна на тренерот на „пандевци“ Ѓорѓи Стојчев, во Академија Пандев многу брзо би требало да има нов спонзор или поточно инвеститор. Стојчев кажа дека е информиран од страна на самиот Горан Пандев дека набргу ќе се знае се во детали.

Инаку дознаваме дека Пандев веќе почнал да се распрашува околу процедурите, како тоа ќе се изведе и слично. Нашите информации велат дека новиот инвеститор би требало да има 70% од клубот а Горан само 30%.

Сето ова доаѓа по најавите од Струмица дека наголемо се преговарало за фузија меѓу А. Пандев и Беласица. Стојчев на пресот кажа дека тој за такво нешто не е информиран.

Значи останува да се види како ќе се одвиваат работите во текот на следните неколку денови.

ПретходноБрегалница го победи српски Трајал, но „раскина“ со Азиновиќ!
СледноАртим Шаќири: Честитки за момците, Шкендија заслужено оди натаму!