Чилеанскиот играч за врска Артуро Видал и официјално е ново засилување за бразилски Фламенго.
Тој беше претставен пред навивачите на натпреварот од Купот на Бразил против Атлетико Минеиро. Дефанзивниот играч за врска ќе игра за Фламенго со дресот со број 32.
Во сезоната 2021/2022, Видал одигра 40 натпревари за Интер и постигна два гола, а го освои и Купот на Италија заедно со „нероаѕурите“.
Arturo Vidal has come to town 👑🇧🇷 pic.twitter.com/C1wH9bzDbu
— Flamengo (@Flamengo_en) July 14, 2022