За нешто повеќе од еден час ќе започне реванш средбата од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Арарат и Шкендија во Ереван. Во овој меч нашиот тим влегува со убава предност од 2:0 од првиот меч во Скопје.
За дуелот во Ереван на Националниот стадион стратегот на Шкендија, Артим Шаќири се одлучи мечот да го започне со следните единаесетмина…
Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Незири, Рамадани, Дита, Шаља, Хасани, Дориев, Гури.
Формацијата е 4-2-3-1, ова секако дека е доста силен состав на Шкендија, а на клупата се Стојановски, Вагнер, Нафиу, Маневски, Билали.
Мечот почнува во 17 часот а очекувањата се Шкендија да ја мине оваа пречка и да си закаже двомеч со Валмеира (Летонија) во втората рунда.