Академијата денеска ја брани честа но и верува во чудо

226

Денеска тимот на Академија Пандев на комолексот ФФМ, односно „Петар Милошевски“ од 17:00 часот ќе го одигра реванш дуелот од квалификациите за УЕФА конференцијската лига против полскиот тим на Лехиа. Првиот дуел заврши со триумф на противникот од високи 4:1, што значи дека струмичани денеска имаат сериозна задача пред себе.

Противникот е силен, моќен, и многу квалитетен, но на моменти, тимот на Академија Пандев на првиот дуел покажа дека знае да биде опасен кон противничкиот гол. Да не беа почетничките и пред се наивни грешки во одбраната, резултатот немаше да биде ваков секако.

Но, во фудбалот се е можно, па играчите на Академија Пандев веруваат дека со рано постигнат гол, и активна игра во текот на целиот меч дека ќе успеат да се доближат барем за момент до анулирање на негативата и евентуален сезационален успех.

 

ПретходноГалијани го убедува Марсело да потпише за Монца
СледноШкендија посакува долго европско лето…прво треба да се мине Ереван