Лехиа подобра од Академија Пандев и во Скопје (ВИДЕО)

335

Академија Пандев – Лехиа 1:2 (0:1)

Комплекс Петар Милошевски. Гледачи: 500. Главен судија: Д.Чифи (Италија)

Стрелци: Митровски 59 (АП) Гајос 37, Пиетжак 82 (Л)

Ж.картони: Митровски, Донов (АП) Дурмус (Л)

Академија Пандев: Алчевски, Илиев, Јоковиќ (Крстевски 76), Димов, Ивановски, Донов (Трајков60), Томовски (М.Георгиевски 60), Шаркоски, Велиновски (Пандев 77), Митровски, Маронг

Лехиа: Кучијак, Конрадо, Стец, Тоберс, Малоча, Гајос (Клеменс 65), Мабоџински, Сезонјенко, Дурмус (Пиетжак 78), Зболински (Паиксао 65), Сезониенко (Диабате 65)

Екипата на Академија Пандев чесно се прости од овогодинешното натпреварување во Конференциската Лига. Поточно во квалификациите за ова натпреварување во кои во првото коло се елиминирани од тимот на Лехиа од Полска. Во првиот дуел загубија со 4:1, а денеска компплексот Петар Милошевски во Скопје со 1:2

Целиот денешен меч мина во добра фудбалска атмосфера во која струмичани дадоа се од себе за да извлечат позитивен резултат и да не загубат. Играа, се бореа, создаваа шанси и конечно, постигнаа гол, а заслужија и повеќе, но на крајот сепак не издржаа да ивлечат барем реми против реално пресилниот противник.

Домаќинот промашува, Лехиа казнува

Мечот стартуваше со борбена игра во која Гајос ја имаше првата шанса за гостите, а потоа Академија Пандев беше таа која заслжи водство. Во три наврати се закани, со удар од далечина, па од корнер кога Маронг од петерец не реализираше, како и по ударот на Велиновски. Следуваше ладен туш, затоа што во тие моменти Академија Пандев се понадева дека ете доколку погоди на време, можно е и нештата да тргнат во нејзина полза. Токму Гајос погоди во 37. минута за смирување на домашните страсти, по што и онака веќе најавениот пласман на полјаците во следната фаза доби и гостинска верификација.

Митровски погодува за домашна сатисфакција

Домашниот тим на Академија Пандев ниту во вториот дел не се откажа од намерата да се надигрува напротив, и во овој дел создаде неколку ситуации, а ја искористи онаа во 59. минута. Маронг одлично асистираше за Митровски, а овој со лева од прва погодува за 1:1.

Полјаците сепак со победнички погодок

Иако сите се понадеваа дека Академија Пандев ќе остане непоразена на овој дуел сепак, во самиот финиш резервистот Пиетжак успеа да погоди по еден контра напад и да обезбеди конечен триумф за Лехиа од 1:2 на овој меч, а вкупни 2:5.

ПретходноСтрахиња Миќовиќ го засили МЗТ Скопје!
СледноШкендија оди натаму: Блескаво прво полувреме, второ за заборав! (ВИДЕО)