Матеа Николиќ во конкуренција за најдобра кошаркарка на ЕП Б Дивизија!

262

Во Скопје се одржува Европското првенство Б Дивизија, а македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години веќе испиша историски резултат, се пласираше во четвртфиналето. За противник „црвено-жолтите“ ја имаат селекцијата на Словенија која групната фаза ја заврши без пораз, мечот се игра утре со почеток во 18:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

По завршување на групната фаза, на официјалниот сајт за ова натпреварување, ФИБА им даде шанса на фановите да гласаат за својата омилена кошаркарка, поточно за своето МВП. Во конкуренција на десет кошаркарки се најде и македонската репрезентативка, Матеа Николиќ.

Доколку сакате да се најде во посебното друштво на ова натпреварување можете да гласате на следниот ЛИНК. 

ПретходноШкендија оди натаму: Блескаво прво полувреме, второ за заборав! (ВИДЕО)
СледноШкендија го мина Ереван, сега нека му ја мисли Валмеира!