Полувреме во Ереван: БРАВО за автоголот на Браво и за Гури, Шкендија води со 2:0(ВИДЕО)

960

Убави вести од Ереван. Шкендија по првиот дел од реванш мечот со Арарат во рамките на 2.квалификациско коло во ЛК има водство од 0:2. Добра игра на тетовци.

А мечот не можеше да започне подобро за Шкендија. Уште во 2.минута по една контра на нашиот тим, Шаља ја упати топката пред голот на домашниот состав, а таму несреќниот Браво убаво си ја смести топката во својата мрежа за 0:1.

Арарат врати со гол во 6.минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Па така во тие моменти тетовци имаа предност од 3:0 во овој двомеч.

Каква шанса имаше Дориев во 26.минута, и повеќе од зицер, но од само 5-6 метри тој го промаши целиот гол.

Уште една шанса за Дориев во 38.минута, и ова требаше да биде гол. Штета, сепак сега мрежата ја спаси голманот на домашните.

Затоа Гури во 45+3. стрелаше за 2:0 за Шкендија со што се замина на пауза.

 

ПретходноДембеле: Опцијата да останам во Барса секогаш беше на прво место
СледноДориан Бабунски стрелец во поразот на Дебрецин