Ангеловски одбра за ЕХФ шампионатот во Варна

166

Селекторот на јуниорската репрезентација на Македонија, Бранко Ангеловски ги одбра осумнаесте репрезентативци на кои ќе смета за претстојното ЕХФ првенство во Варна, Бугарија.

Се работи за главно составот кој е дел од кадетската репрезентација на Македонија со неколку додадени имиња од типот на Тодески, Илиески и Ивановски.

На овој турни стартуваме во групата во која што се уште и Швајцарија, Романија, Украина и Косово, а потоа, доколку се пласираме во следната фаза можни противници ни се Израел, Литванија, Грција, Луксембург и В. Британија. Победникот или пак евентуално финалистот од овој турнир, ќе обезбеди квалификации во кои ќе има шест или осум репрезентации, и заедно со последно пласираните места од М20 ЕХФ Еуро што се игра во Португалија (Норвешка, Хрватска, Црна Гора и Полска), ќе се бори за две места на јуниорското СП 2023.

Состав: Иван Галевски (2004), Давид Брестовац (2004), Томислав Димковски (2005), Марио Стојановски (2004), Михаил Тотиќ (2004), Теодор Тодески (2003), Давид Димевски (2004), Тодор Узунчев (2004), Божидар Илиески (2003), Андреј Стојановски (2004), Славчо Шулевски (2004), Михаил Ивановски (2003), Димитар Узунчев (2005), Александар Петковски (2004), Ненад Белистојаноски (2004), Валентин Карасманакис (2005), Дејан Михајловиќ (2005) и Александар Стојменов (2004).

ПретходноЦСКА – Македонија ЃП од 380 денари па нагоре
СледноСкандал на дуелот Лапи – Будуќност…. политички пораки кои УЕФА сигурно ќе ги казни