Еуфорија во Сан Марино: Македонецот Бојан им го донесе најголемиот успех во европските купови

9776

Момент за историја преживува фудбалот во Сан Марино, откако синоќа, за првпат во историјата, клуб од последнорангираната земја на клупскиот ранкинг на УЕФА се пласираше во 2. квалификациско коло во европските купови.

Екипата на Тре Фиори испиша нова историја за фудбалот и спортот во Сан Марино, откако го совлада Фола Еш со 3:1 во реваншот и победи со вкупни 4:1 во двомечот од стартното елиминациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Екипите кои играат за Сан Марино се приклучија во европските фудбалски клупски купови во сезоната 2001/2002. Над 20 години навивачите од оваа земја мораа да чекаат некој ниве тим да се пласира во следната рунда од главните квалификации. Колку е слаб Сан Марино и колку е оддалечен од другите земји, најдобро покажува националниот ранкинг на УЕФА. Тие се на последното 55. место со 1332 бода, а претпоследната Андора има дури 4665 бодови.

Два од вчерашните историски погодоци за Тре Фиори кои го однесоа тимот во историското 2. коло ги постигна нашиот интернационалец Бојан Ѓурчиноски. 28-годишниот напаѓач е по потекло од Струга каде што е роден, но во фудбалот зачекорува во Хрватска каде што е израснат и каде има настапувано за повеќе нисколигаши.

Головите на Ѓурчиноски:


 

ПретходноНеобична понуда за Алвеш: Пумас нуди договор на една година, но со плата по учинок!
СледноЈуниорите против Грција почнуваат со „тестови“ на турнирот во Гевгелија