Официјално: Ова се можните ривали на Шкупи ако го мине Динамо Загреб!

1956

Во понеделник во Нион ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациска рунда во ЛШ.

Сепак за да дојде до таму нашиот шампион ќе мора прво да направи сензација, односно да го мине тимот на Динамо Загреб во втората квалификациска рунда. Сепак во пресрет на ждрепката, познати се можните ривали на чаирчани.

Тие се победниците од средбите Лудогорец – Шамрок и Ференцварош – Слован Братислава, како и Аполон.

Кој ќе биде од овие клубови можен ривал на Шкупи ќе дознаеме во понеделник после ждрепката во Нион.

Значи победникот од двомечот меѓу Шкупи и Динамо Загреб во третата квалификациска рунда ќе добие еден од овие горе споменати клубови за противник во третата квалификациска рунда.

ПретходноАмериканецот Максвел е најновото засилување во МЗТ Скопје!
СледноСрбија еден меч пред празни трибини поради расистички испади на навивачите