Пред дуелот со Динамо: Шкупи после четири дена за првпат на тренинг!

650

Да не си му во кожа на страегот на Шкупи, Гоце Седлоски. Имено после четири денови, тука не го сметаме реванш мечот на неговиот тим на Гибралтар, дури доцна попладнево неговите фудбалери ќе одработат тренинг како што треба. Имено мечот се играше во вторникот а дури синоќа експедицијата на Шкупи се врати дома, во Скопје. Значи после 48 часови по завршување на мечот.

И се ова доаѓа во пресрет на првиот меч со Динамо Загреб во вторник, на “Максимир“ од 21 часот. Инаку за Загреб се оди во понеделник попладне, среќа што Хрватска е поблиску од Гибралтар. Вечерта ќе се одржи прес и ќе се тренира на “Максимир“ а во вторник ќе се одигра и натпреварот.

Инаку познато е што се случуваше на Гибралтар, сите можни проблеми и малери што може една гостинска екипа да ги има, ги имаше Шкупи. Се престојуваше во Шпанија а се играше на Гибралтар, дури и на оној вообичаен тренинг пред натпреварот со Линколн се задоцни па не може да се смета дека тоа беше тренинг.

Инаку треба да се каже дека за гостувањето кај Динамо крајно е неизвесен настапот на Хамиди поради проблемите се патните исправи кои сеуште не се решени, и на Данфа поради потрес на мозокот, повреда која ја здоби на мечот со Линколн на Гибралтар.

ПретходноСЕХА – 1/4 финале: Вардар со Нексе на 23 август, Е. Пелистер два дена подоцна против Мешков!
СледноНекого многу ќе го боли: Еве што шампионката на Вимблдон по враќањето дома покажа на пресот! (ВИДЕО)