Романецот Петреску ќе ја дели правдата меѓу Динамо и Шкупи на “Максимир“!

118

Познати се судиите за првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Динамо и Шкупи, кој се игра во вторник во Загреб со почеток во 21 часот. На “Максимир“ фудбалската правда ќе ја делат судии од Романија на чело со Раду Петреску, кој ќе биде главен судија. Станува збор за еден од најдобрите судии во Романија, кој редовно суди и на европските натпревари. Пред извесно време судеше во Лига Нации на мечот Ерменија – Ирска, а пред неколку денови судеше и на средбата од квалификациите во ЛШ меѓу Шериф и Зрињски.

Станува збор за судија кој има 39 години а со амблемот на ФИФА е од 2012 година. Него ќе му помагаат неговите сонародници Раду Чингулеац, Мирчеа Михаил Григориу и Андреи Антоние.

ПретходноКожув со два Aмериканци во составот за следната сезона
СледноТрагедија: На 29 години почина познат руски фудбалер!