Челниците на СЕХА и официјално ги потврдија термините на 1/4 финалните мечеви
во ова натпреварување. Ако се знаеше кои се двојките, од денеска се знаат и термините. Имено Вардар ќе игра со Нексе на 23 август во 20:15 часот, додека два дена подоцна, Е. Пелистер исто така на свој терен се среќава со Мешков со почеток од 20:15 часот.
Се знае дека победниците во овие четвртфиналиња ќе изборат место на Ф4 кој се игра во Задар.
Останатите две двојки се Татран – Веспрем (14 август) и Војводина – ППД Загреб (17 август).