Во пресрет на првиот дуел од квалификациите за конференциската лига помеѓу екипите на ЦСКА Софија и Македонија ЃП кој е закажан за вторник 28. јули на стадионот на Армијата во Софија, менаџментот на клубот домаќин ги објави цените на билетите за овој дуел.
Според официјалните информации дел од трибините нема да биде во употреба, одноно „Г“ секторот, а оние достапни места на стадионот навивачите ќе ги чинат од 380 денари па нагоре. Цената да речеме за ВИП ложата изнесува 130 лева односно речиси 4000 денари.