Се чини дека полека, но сигурно се остваруваат најавите дека А. Пандев, клубот на Горан Пандев, ќе добие спонзор од Италија. Или барем така се чини. Тоа што беше вчера најавено на пресот по мечот со Лехија од страна на тренерот Ѓорѓи Стојчев.
Имено денеска луѓето од ФЦ Брера, непознат аматерски клуб од Милано, заедно со Горан Пандев беа на прием кај градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, и притоа се фотографираа, а самиот Костадинов на своите социјални мрежи се пофали со настанот.
Е сега дали ова значи дека газдите на тој италијански клуб ќе бидат спонзори на А. Пандев, се најавуваше дека 70% тие ќе го држат а Пандев само 30%, останува да се види.