Досегашниот напаѓач на тимот на Брегалница Штип, Никола Ескиќ се сели во Литванија и ќе го носи дресот на тамошниот прволигаш, тимот на Ритераи.
Голгетерот минатата сезона имаше одлични настапи за тимот на Брегалница, беше најдобар стрелец, па трансферот и не изненадува никого.
„Сакам да искажам благодарност до Брегалница, раководството на клубот и сите навивачи за прекрасната една година која ја минав во овој тим. Сега пред мене е нов предизвик, а на Брегалница искрено и посакувам остварување на сите зацртани амбиции за новата сезона“ – истакнува Ескиќ.