Ејтон останува во Феникс, Санс останаа без шанси во борбата за Дурент

187

Деандре Ејтон, првиот пик на драфтот од 2018 година, останува во Феникс Санс. Ејтон потпиша четиригодишен договор со Индијана Пејсерс за максимални 133 милиони долари, а Санс решија да ја „усогласат“ таа понуда за да не го загубат талентираниот центар без обештетување.

Потегот на Ејтон само следната сезона ќе ги чини Санс 62 милиони долари и практично ги исфрли од комбинациите за трејд на Кевин Дурент, за кој досега беа фаворити. Ејтон требаше да биде главен дел од пакетот што требаше да го напушти Феникс во случај на доаѓање на Дурант.

Санс напорно преговараа и прилично ги уништија односите со својата млада ѕвезда, која сепак ќе остане во клубот барем до 15 јануари, а можеби и цела наредна сезона поради правилата на колективниот договор. Конкретно, на Ејтон сега не му е дозволено да се пресели во Индијана до следното лето.

ПретходноРК Скопје го договори Барјактаревиќ!
СледноМладинците ја почнуваат битката во Тбилиси, Василев посакува пласман во Топ 3!