Тимот на Кожув за следната сезона ангажираше две американски засилувања, кои што за прв пат ќе се испробаат на Стариот континент.
Се работи за Фредерик Скот односно Мајрон Гордон кој ќе ја засилат крилната односно бековската позиција во Гевгелија.
Скот има настапувано за универзитетот Бостон, додека Гордон бил дел од Универзитетот Боулинг Грин Стејт.