Екипата на Динамо Загреб со 3:2 ја совлада Локомотива во 1. коло од новата сезона во најсилната хрватска лига. Шампионите имаа лош почеток на „Максимир“, затоа што гостите со голови во 4. односно 22. минута поведоа со 0:2.
Сепак фудбалерите на Анте Чачиќ успеаа да ги освојат трите бода. До крајот на првото полувреме изедначија со двата гола на Јосип Дрмиќ.
Во второто полувреме се одеше кон реми, но во 91 минута „модрите“ погодија за пресврт и големи три бода. Менало ја затресе мрежата на „железничарите“.
Ова воедно е увертира на Динамо пред мечот со Шкупи во вторник во 2.коло од квалификациите за ЛШ.
На овој меч стартери беа Адеми и Ристовски. Капитенот го одигра целиот меч, а Ристовски беше заменет во 78. минута.