Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години доживеа убедлив пораз од Словенија со 36:63 во четвртфиналето на ЕП од Б дивизијата кое се игра во Скопје.
Македонките ја победија Романија и се пласира во нокаут рундата, а таму немаше сили за уште едно изненадување. Словенечките кошаркарки не им дозволија на нашите да се размавнат.
Македонките имаа разочарувачки ефект во шутеви додека Словенките казнуваа речиси во секој наш неуспешен напад. Матеа Николиќ беше најефикасна во нашиот табор со десет поени.
Во полуфиналето Словенија ќе игра со Турција, додека Македонија ќе разигрува од петто до седмото место. Следниот ривал е селекцијата на Германија која беше поразена од Турција.