Женската одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години од недела во Крушево ги започнува финалните подготовки за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Скопје.
Нашите млади одбојкарки кои имаа шанса да ги тестираат силите и со настап на дел од нив во рамките на медитеранската репрезентација, во Крушево треба да ја одработат главната фаза од подготовките во очекување на првенството кое ќе се одржи во Скопје од 27 август до 4 септемрви. Според планот на селекторот Стефан Пауновиќ на подготовките треба да се појаат 16 одбојкарки, а за периодот од 29 до 31 јули е предвидено и одржување на еден турнир во Крушево на кој треба да се направат и првите тестови на формата.
Одбојкарската федерација на Македонија веќе е во комуникација со неколку соседни репрезентации кои треба да учествуваат на овој пријателски турнир во Крушево.
Инаку, Македонија како домаќин на ЕП за играчи до 19 години е во групата „A“ заедно со Финска, Италија, Полска, Грција и Словенија.