Репрезентацијата на Македонија до 20 години ја демолира Австрија на стартот на Европското младинско првенство во Грузија. Македонија славеше убедливо со резултат 90:54.
Уште по првата четвртина Македонија направи огромна предност од 33:14 па натаму нашите момци само го држеа нивото и дојдоа до заслужена победа.
Најефикасен кај нашиот тим воедно и на мечот беше Марко Миловановиќ со 15 поени, а со двоцифрени поени завршија уште Лука Савиќевиќ со 13 поени, Павел Данаиловски со 12 поени и Гоце Петрушевски со 10 поени.
Следниот меч на нашите младински репрезентативци е утре против Шведска.