Најстариот белгиски клуб Антверпен се пофали со екстра засилување. Нов член на „кралевите“ е централниот бек Тоби Алдервејрелд. Искусниот белгиски репрезентативец се градот во кој е роден и ќе игра за клубот кој е обележје на овој град.
Алдервејрелд доаѓа од Ал Духеил од Катар, а со Антверпен потпиша тригодишен договор.
Инаку 33-годишниот играч ја почна кариерата во младинските екипи на Екерен и Бершот како и холандски Ајакс. Во профи фудбалот дебитира за Ајакс во 2008 година, а потоа играше за Атлетико Мадрид, Саутемптон, Тотенхем и Ал Духеил.
За Белгија има 121 натпревар.