Необична понуда за Алвеш: Пумас нуди договор на една година, но со плата по учинок!

255

39-годишниот Дани Алвеш по змаинувањето од Барселона и натаму е во потрега по клуб каде ќе има доволно минутажа за да добие повик од селекторот на Бразил за настап на СП во Катар. Според информациите на медиумите, бразилскиот дефанзивец добил сосема необична понуда од мексикански Пумас, кој за едногодишна соработка на Алвеш му понудил плата по учинок.

Пумас му нудат плата на Дани Алвеш која ќе зависи директно од неговиот настап на теренот. Така, за секој одигран меч со Пумас, Алвеш ќе добива по 100.000 долари, а предвидени се и други бонуси поврзани со асистенции и голови.

Дани Алвеш сериозно размислува за трансфер во Мексико, бидејќи е јасно дека само редовен настап ќе му овозможи шанса да отпатува со Бразил во Катар.

ПретходноНе е за верување: Фабрегас следната сезона ќе игра во италијанската Серија Б!
СледноЕуфорија во Сан Марино: Македонецот Бојан им го донесе најголемиот успех во европските купови