Некогашната ѕвезда на Арсенал, Сеск Фабрегас следната сезона ќе игра во Италија, но не во Серија А.
Шпанскиот играч од средниот ред, кому му истече договорот со Монако, сеназационално потпишал двегодишен договор со амбициозниот италијански второлигаш Комо.
Идеја која се родила минатиот месец, беше една од оние интуицитивни ситуации за кои се мисли дека се невозможни, се додека конкретно не се пробаат. Фабрегас не само што сериозно го сфати пристапот на Комо со предлогот за 2-годишен договор, туку како слободен играч по искуството во Монако, го избра меѓу различните опции кои биле на неговата маса.
Фабрегас верува во проектот кој Комо го има и се надева дека ќе го реализира со влез во италијанската елита следната сезона.