РК Скопје го договори Барјактаревиќ!

100

Екипата на Скопје продолжува со создавање на тимот за новата сезона. Најновото од супер-лигашот е српскиот интернационалец, Жарко Барјактаревиќ. Станува збор за 25-годишниот десен бек кој минатата сезона играше во тимот на Струга, а беше дел и од тимот Јуниор Кисела Вода.

Под водство на новиот стратег Горан Кузманоски, РК Скопје ги договори голманот Никола Радовановиќ, пивотменот Игор Трајковски и крилото Дамјан Јакимовски.

ПретходноРоналдо ги „откачи“ Арапите, бира меѓу два европски гиганти
СледноЕјтон останува во Феникс, Санс останаа без шанси во борбата за Дурент