Роналдо ги „откачи“ Арапите, бира меѓу два европски гиганти

550

Кристијано Роналдо нема да се пресели во Саудиска Арабија и нема да потпише договор со клубот кој му нудеше 275 милиони евра за две години настап. Португалецот кариерата ќе ја продолжи на друго место, пренесува ESPN.

Тој веќе е поврзуван со Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Челзи, а според ESPN, првите два тима остануваа најсериозни во намерите да го доведат Португалецот. Челзи се откажа бидејќи, како што изјави Томас Тухел, Роналдо нема да му донесе ништо ново на тимот.

Ако се потврдат шпекулациите, Атлетико Мадрид е за нијанса во предност пред Баерн Минхен. И двата клуба ја следат ситуацијата со него и останува најпрво да ги затворат трансфер-приоритетите пред да преговараат со 37-годишниот ветеран. Приоритет на шпанскиот клуб е да доведе дефанзивец, а баварците исто така во прв план го имаат доаѓањето на Матијс де Лигт од Јувентус.

ПретходноБајиќ за ждрепката: Данска и Норвешка се непознаница за нас
СледноРК Скопје го договори Барјактаревиќ!