Страшна вест денеска доаѓа од Русија. Имено на само 29 години почина фудбалерот Александар Козлов. Како што се наведува во тамошните медиуми причината била згрутчување на крвта што довела до срцев удар. Интересно е што сето тоа довело откако тој бил на масажа, а потоа му се слошило и не успеале да го спасат.
Козлов од 2015 до 2020 година играше во Спартак Москва, на времето важел за еден од најталентираните руски фудбалери, ги минал сите младински репрезентации, но никогаш не заиграл за А- селекцијата на Русија. Во Лигата на Шампионите настапил кога имал 17 години.