Јунајтед добар против Мелбурн Виктори

162

Екипата на Манчестер Јунајтед го одигра вториот пријателски меч на турнејата на далечниот исток. По триумфот над Ливерпул, денеска „Ѓаволите“ беа подобри од тимот на Мелбурн Виктори со конечни 4:1.

Австралијците поведоа преку голот на Икономидис уште во петтата минута, но потоа фаворитот преку Мектоминеј односно Мартијал поведе уште во првиот дел, за да во вториот дел погоди Рашфорд. Конечниот резултат го постигна Лупанцу со автогол.

Јунајтед до стартот на шампионатот ќе одигра уште пријателски мечеви против Кристал Палас, Астон Вила, Атлетико Мадрид и Рајо ВАљекано.

 

ПретходноСкандал на дуелот Лапи – Будуќност…. политички пораки кои УЕФА сигурно ќе ги казни
СледноКожув со два Aмериканци во составот за следната сезона