Од денеска, па во наредните три дена, во Гевгелија ќе се одржи првиот меморијален турнир „Боби Петковски“, во сеќавање на прерано починатиот тренер на младинските категории на Кожув.
На турнирот ќе учествуваат националните тимови „Под 18“ на Македонија, Бугарија, Грција и Црна Гора, што ќе биде силна проба за репрезентацијата предводена од Тони Симиќ, за Европското првенство од Дивизијата „А“ во Измир, што се одржува од 30 јули до 7 август.
Македонија денеска од 19 часот се среќава со Грција, в сабота во истиот термин ќе играме со Бугарија, а турнирот за нашите јуниори ќе биде затворен во недела од 17 часот со дуелот против репрезентацијата на Црна Гора.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ „БОБИ ПЕТКОВСКИ“-ГЕВГЕЛИЈА
15.ЈУЛИ (ПЕТОК)
17.00: Црна Гора – Бугарија
19.00: МАКЕДОНИЈА – Грција
16.ЈУЛИ (САБОТА):
17.00: Грција – Црна Гора
19.00: Бугарија – МАКЕДОНИЈА
17.ЈУЛИ (НЕДЕЛА):
17.00: Бугарија – Грција
19.00: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора