Африка и се е можно: Вакво местење на натпревар се уште не сте виделе! (ВИДЕО)

2358

Африканскиот фудбал со години „страда“ од местење натпревари, а наместо да се искорени, се чини дека станува се повидлив со ширењето на социјалните мрежи кои разоткриваат бројни афери.

Така на Твитер вирално стана едно видео од натпреварот меѓу Ремо Старс и Ијебу Јунајтед на кој победникот беше решаван во пенал-рулетот. Но она што се случуваше при изведувањето на пеналите, беше најблагоречено – трагично.

При еден од пеналите, голманот на Ремо Старс застана на линијата и не се „мрдна“ кога противникот шутираше, со што му дозволи да постигне рутински гол. Сепак, уште посмешна беше следната ситуација, кога еден фудбалер, чие име се уште не се открива, успеа да ја шутне топката од белата точка како во американски фудбал. Топката не одеше ни блиску до голот, туку заврши речиси надвор од стадионот.

Навивачите на социјалните мрежи коментираат дека во животот не виделе вака наместена средба.

ПретходноМладинките в недела во Крушево почнуваат со подготовки за ЕП до 19 години
СледноПознат е градот домаќин на СП во атлетика во 2025 година