ИОК: Русите и Белорусите нема да учествуваат ниту на ЛОИ во Париз 2024

96

Крег Риди, почесен член на Меѓународниот олимписки комитет, најави дека руските и белоруските спортисти речиси сигурно нема да учествуваат на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

„Допрва треба да се донесе одлука што ќе биде со спортистите од тие две земји и мислам дека општиот впечаток е дека тие не треба да учествуваат. Многумина во олимпиското движење се обидуваат да најдат компромисно решение, засега без успех. Статус кво ќе остане“, нагласи Риди.

Извршниот одбор на ИОК даде препорака да се забрани учеството на натпреварувачите и официјалните лица од овие две земји веднаш по почетокот на војната во Украина. Русите и Белорусите навистина се натпреваруваа во три спорта на меѓународно ниво, велосипедизам, тенис (освен Вимблдон) и џудо, иако без национални симболи.

„Би било тешко да се каже „сега ги исполнивте олимписките стандарди, ги променивме правилата“ среде квалификацискиот процес. Би им направиле голем проблем на меѓународните федерации во различни спортови. Затоа, мислам дека на Русите и на Белорусите ќе им биде многу тешко да се квалификуваат дури и во трите споменати спортови, во кои се, номинално, неутрални“, изјави претставникот на ИОК.

Инаку, Риди беше претседател на Светската антидопинг агенција. За време на неговиот мандат, забраната за руските спортисти да се натпреваруваат под државни санкции стапи на сила поради допинг скандал.

ПретходноОд Шалке со порака: Жалиме, но немаме пари за Чурлинов!
СледноНе е за верување: Фабрегас следната сезона ќе игра во италијанската Серија Б!