Македонија У18 оствари победа над Грција во контролен меч

156

Машката селекција на Македонија У18 години запиша уште еден успех во подготвителниот период.

На првиот натпревар од меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија, нашиот јуниорски состав беше подобар од селекцијата на Грција, славеше победа од (64:61).

На оваа прва од три предвидени контроли, нашата јуниорска репрезентација отвори подобро. Иако двете екипи делуваа доста неефикасно, во првите десет минути стекнавме позитива од (12:8). Ја имавме и на полувремето (27:22).

Симиќ постигна 16.поени, имаше и девет скока. Ист број на поени реализираше Бошалески плус четири скока и  две асистенции, додека пак оваа средба еден од најмладите во нашиот тим, Шошкиќ, ја затвори со 17. реализирани поени и пет скока.

На вториот ден од собирот во Гевгелија, нашата селекција „Под 18“ години, исто така од 19.часот, утре вечер ќе игра против Бугарија. Два часа порано, на теренот во салата „26.април“ ќе истрчаат селекциите на Црна Гора и на Грција.

ПретходноМарез и Сити ја продолжија соработката
СледноНекогашниот бек на Тотенхем потпиша за најстариот белгиски клуб