Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез и Манчестер Сити ја продолжија соработката до јуни 2025 година. Всушност Марез го продолжи договорот со шампионите на Англија на уште две години и со тоа ги реши дилемите околу својата иднина.
Марез дојде во Сити од Лестер во 2018 година. Со „граѓаните“ три пати беше шампион, еднаш го освои ФА купот, претходно со Лестер беше шампион на Англија.
Играше уште за Ле Авр од Франција.