Младинците ја растурија Австрија со 36 разлика

238

Репрезентацијата на Македонија до 20 години ја демолира Австрија на стартот на Европското младинско првенство во Грузија. Македонија славеше убедливо со резултат 90:54.
Уште по првата четвртина Македонија направи огромна предност од 33:14 па натаму нашите момци само го држеа нивото и дојдоа до заслужена победа.
Најефикасен кај нашиот тим воедно и на мечот беше Марко Миловановиќ со 15 поени, а со двоцифрени поени завршија уште Лука Савиќевиќ со 13 поени, Павел Данаиловски со 12 поени и Гоце Петрушевски со 10 поени.
Следниот меч на нашите младински репрезентативци е утре против Шведска.

ПретходноМеси му дозволи на Рамос да го постигне првиот гол за ПСЖ ова лето! (ВИДЕО)
СледноМакедонија убедливо поразена од Словенија и ќе разигрува на ЕП