Од денеска и официјално Рафиња е ново име во редовите на Барселона. Како што и доликува на еден голем клуб, Бразилецот беше лично претставен од првиот човек на Барса Хоан Лапорта.
Тој на “Камп Ноу“ ќе биде до 2027 година, а доаѓа од Лидс. За репрезентацијата на Бразил има 9 настапи и три голови, има 25 години и игра на крилната позиција.
„Рафиња е играч кој нашиот тренер Чави многу сакаше да го донесеме, ете и успеавме. Интересно, во секоја наша златна ера имало и Бразилец“ рече покрај другото Лапорта.
Додека на промоцијата Рафиња посочи…
“За мене е голема чест што сум овде. Ова е остварување на мојот детски сон. Имам многу идоли кои испишале историја со Барселона. Да живее Барса! Да живее Каталонија!“ беа дел од зборовите на промоцијата на новиот фудбалер на каталонскиот гигант.
DONE DEAL ✍️✅@JoanLaportaFCB 🤝Raphinha pic.twitter.com/Rq0nYs80KD
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 15, 2022