Во понеделник во Нион ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациска рунда во ЛШ.
Сепак за да дојде до таму нашиот шампион ќе мора прво да направи сензација, односно да го мине тимот на Динамо Загреб во втората квалификациска рунда. Сепак во пресрет на ждрепката, познати се можните ривали на чаирчани.
Тие се победниците од средбите Лудогорец – Шамрок и Ференцварош – Слован Братислава, како и Аполон.
Кој ќе биде од овие клубови можен ривал на Шкупи ќе дознаеме во понеделник после ждрепката во Нион.
Значи победникот од двомечот меѓу Шкупи и Динамо Загреб во третата квалификациска рунда ќе добие еден од овие горе споменати клубови за противник во третата квалификациска рунда.