Откако се чини дека пропаднаа сите најави дека Елиф Елмас би можел да направи спектакуларен трансфер во Милан, се споменуваше и отштета од 35 милиони евра, сега на ред е Фиорентина. Вчера и денеска медиумите во Италија најавуваат дека постои интерес на клубот од Фиренца за Македонецот. Тие веруваат дека со 20 милиони евра би моќеле да добијат квалитетно засилување во средниот ред.
Во анализата на медиумите се напоменува дека Дијамантот има квалитет кој доволно не бил искористен во Наполи и дека таму не ја добива минутажата која ја заслужува.
Сепак се чини дека ова е само желба на Фиорентина, не се верува дека Наполи за само 20 милиони евра би го пуштил Македонецот.