Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години во вториот дуел на ЕП во Грузија загуби од Шведска со минимални 92:90 и на тој начин направи чекор назад во обидот да стигне до највисок пласман на овој турнир. Откако во првиот меч победивме против Австрија, овојпат грешките на стартот на мечот не чинеа скап пораз.
Стартната негатива од 29:15 е клучна за овој пораз затоа што по тоа, нашите момци беа во константен минус, и се обидуваа низ текот на целиот меч да го анулираат. Сепак, колку и да посакуваа поволен резултат, нашите кошаркари на крајот не успеаа да се спасат од најлошото.
Четворица наши кошаркари дојдоа до двоцифрен број на поени. Најмногу, 22, даде Амар Хот (додаде и десет скока), 18 реализираше Миловановиќ (плус и девет скока), Савиќевиќ три помалку (и осум успешни доавања), додека пак Андоноски ги испрати со 13.
Утре претпладне, од 12.30 часот, нашата младинска репрезентација ќе игра против селекцијата на Косово.