Нотингем Форест го донесе јунакот на Велс

193

Нотингем Форест се пофали со уште едно засилување. Нов член на поранешниот европски првак е голманот Вејн Хенеси кој потпиша договор на две години.
Тоа е човекот кој имаше маестрална партија за време на баражите за пласман на СП 2022. Хенеси играше во фантастична форма во победите на Велс над Австрија и над Украина. Посебно беше импресивен во финалето против Украина.
35-годишниот Хенеси минатата сезона играше за Барнли меѓутоа беше резерва.

ПретходноТренерот на Динамо: Нема да е лесно со Шкупи, не смееме да примаме евтини голови
СледноГнабри не мрда никаде – останува во Баерн до 2026 година