Тренерот на Динамо: Нема да е лесно со Шкупи, не смееме да примаме евтини голови

192

Динамо Загреб ќе игра против Шкупи во вторник на „Максимир“ во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите. Македонскиот првак можеше да го гледа хрватскиот првак на отворањето на новата сезона на Првата хрватска лига во која ја совлада Локомотива со 3:2 иако по 22 минути губеше со 0:2.
Тренерот Анте Чачиќ беше лут на ефтино примените голови и вели дека тоа не е дозволиво во Европа.
Знаеме дека тие (Шкупи) беа недопирливи во македонскиот шампионат. Го поминаа првото коло. А видовте и на овој натпревар дека не постои ниту еден лесен меч. Важно е да бидеме концентрирани и да не примаме евтини голови затоа што тоа може скапо да не чини во Европа.
Убаво е што имаше преку 4000 гледачи на трибините, тоа беше поттик иако губевме. Беа со нас и им благодарам на тоа“, изјави Чачиќ.
Тој во 25. минута го извади Бочкај од игра и го внесе Дрмиќ кој возврати со два гола.
„Беше 0:2 и не сакав да чекам полувреме. Одлучив веднаш да го ставам во игра и тој даде два гола“, вели тренерот на хрватскиот шампион.

ПретходноУЕФА го „заклучи“ стадионот на Лехија поради испадот на хулиганите на мечот со „Пандевци“
СледноНотингем Форест го донесе јунакот на Велс