Арсенал донесе четворица фудбалер во овој преоден рок, а секако најзвучно име беше Габриел Жесус кој пристигна од Манчестер Сити. Сепак, „топчиите“ планираат уште еден трансфер од редовите на англискиот шампион.
Арсенал го сака универзалниот фудбалер Олександар Зинченко за кого се спремени 30 милиони фунти. Наводно Сити прифаќа да го прати украинскиот репрезентативец во Лондон, но следува и вториот дел од работата, а тоа е да се убеди фудбалерот да се пресели на „Емирати“.
Тоа што игра на неколку позиции е најголемиот квалитет на Зинченко. Интересот за овој фудбалер се засили откако на Арсенал му стана јасно дека Лисандро Мартинез од Ајакс нема да дојде во нивните редови туку се согласил на трансфер во Манчестер Јунајтед.
Арсенал покрај Жесус, ова лето ги донесе уште офанзивецот Фабио Виеира од Порто, голманот Мет Тарнер од Њу Ингланд и Маркињос од Сао Пауло.