Барселона го објави списокот на патници за САД: Чави го зеде Пјаниќ, но не и Мингеса, Пуиг и Умтити

310

Барселона го објави составот на фудбалси кои ќе патуваат со тимот на претсезонската турнеја во САД. На списокот од 28 играчи се наоѓа играчот од средниот ред Френки де Јонг, за кого е заинтересиран за Манчестер Јунајтед, но засег апреговорите се во ќорсокак.

Во САД заминуваат и играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ, кому претходно му беше кажано да си бара нов клуб, но кој очигледно го импресионирал Чави на тренинзите, па сега и за него има план во новата Барселона. Со екипата во САД патуваат и новите имиња Рафиња, Андреас Кристенсен и Франк Кесие.

На списокот,сепак, ги нема голманот Нето, дефанзивците  Самуел Умтити и Оскар Мингеса, играчот од средниот ред Рики Пуиг и напаѓачот  Мартин Брејтвејт. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Барса сака што побрзо овие петмина да го напуштат клубот.

ПретходноМладинците попладнево против Украина: Ангеловски го одбра тимот за премиерата
СледноФИА следната година ќе наложи промена на болидите во Формула 1